Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: ДУИ во коалиција со СДСМ само под еден услов

Груби: ДУИ во коалиција со СДСМ само под еден услов

ДУИ е отворена за коалиција со СДСМ само ако ја прифатат платформата која ја донесоа заеднички албанските партии.

Ова го изјавил шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби во интервју за Алсат М

„Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да“, изјавил Груби.

Опозицијата меѓутоа, се уште не го открива ставот во однос на платформата и бара на трепение во јавноста додека траат преговорите со партиите.

Слично

Поврзани вести