Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: Договорот со Бехтел и Енка е класифициран и има бизнис тајни

Груби: Договорот со Бехтел и Енка е класифициран и има бизнис тајни

Првиот вицепремиер Артан Груби рече дека договор со „Бехтел и Енка“ за изградбата начетирите автопати, и покрај сите дилеми изминатиот период, нема да биде објавен пред јавноста.

Според министерот за политички систем, договорот нема да се објави бидејќи е „класифициран и има бизнис тајни во него“.

Тој додаде дека ниту Бехтел и Енка како страна од договорот не дозволува да се објави, а еден од примероците, како што рече Груби, се наоѓал во Јавното обвинителство.

Ова проектниот координатор го кажа на денешниот брифинг со новинарите организиран специјално од Министерството за политички систем за договорот со изведувачот на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10д.

Законските измени по скратена постапка, кои одеднаш се најдоа во Собранието, вели дека се во прилог на тоа проектот треба да биде завршен за 4 години и 7 месеци.



Слично

Поврзани вести