Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби даде исказ во обвинителството и повика случајот да се истурка до крај

Груби даде исказ во обвинителството и повика случајот да се истурка до крај

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, даде исказ во обвинителството во својство на сведок, за насилствата во Собранието од 27 април.

Тој уште еднаш повтори дека проценката лидерот на ДУИ, Али Ахмети да не биде во Собрание била да се спречи меѓуетнички конфликт. Според него извесно било дека ќе го нападнеле Ахмети, и за тоа имале дојава од безбедносните служби.

Груби кажа дека одговорил на сите прашања. Тој ги повика и другите пратеници кои биле нападнати да го сторат истото и да дадат придонес во расветлувањето на случајот.

„Го повикувам Обвинителството да не подлегнува на политички притисоци, да го истурка случајот до крај, а осомничените од толпата да ја добијат заслужената казна“ - изјави Груби.

Тој рече дека се шпекулации обвинувањата дека се поздравувал со луѓето кои влегоа во Собранието. 

Пред обвинителство исказ денеска ќе даде и пратеничката Шпреса Хадри од ДУИ.

Слично

Поврзани вести