Груби бара од САД итно да се вклучи во преговорите и посета на Мајк Пенс
Артан Груби покрај тоа што побара од САД итно да се вклучи во процесот на преговори за решавање на спорот за името со Грција испратил и покана до американскиот заменик претседател Мајк Менс да ја посети Македонија. Пратеникот Груби кој е претседател на Комисијата за европски прашања се сретнал со Моли Монтгомери, специјалната советничка на Пенс.
Таа на средбата посочила дека дека САД ги поддржуваат евроатлантските стремежи на Македонија, дијалогот со соседите и реформската агенда што, како што рекла, треба да овозможи владеење на правото, демократско владеење и кредибилни институции.
Таа истакнала и дека има оптимизмот во Белата куќа во врска со позитивните вести кои што доаѓаат од Македонија и го истакнала моментот на огромна можност за реализација на заедничките цели.
– Реформите, исполнување на сите очекувања од Брисел, Охридскиот договор и добрососедството се на одличен пат да се реализираат целосно. Но, сепак, ни преостанува уште спорот со нашиот јужен сосед за кој што очекуваме директна помош од САД во правец на изнаоѓање на достоинствено решение, истакнал Груби.
Оваа година, рекол Груби, е пресудна, клучна и историска затоа што сме најблиску до конечно решение, а веќе следната година е изборна во Македонија и Грција, но и во Европската Унија при што ќе има нов Европски парламент и комисија.
