Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груби: 7-ми јуни, датум што ќе се памети

Груби: 7-ми јуни, датум што ќе се памети

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека 7-ми јуни ќе остане запаметен датум, затоа што на тој ден Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, прифатил уставни измени.

- Ќе се памти тој ден, не по тоа што ми е роденден, туку по изјавите на Мицкоски. Сакам јавно да му се заблагодарам за можноста што ни ја даде да продолжиме кон европскиот пат. Се покажа дека адресата не им е на друго место, туку во Брисел и Вашингтон. Тој не беше свесен дека сме реагирале и го прифативме неговиот предизвик. 7-ми јуни ќе се памети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени, прифатија Бугарите да се вклучат во Преамбулата и Уставот, прифати да нема предвремени парламентарни избори и се надевам дека сите овие ретерирања, веќе се променети и дека сме на нов терен. Охрабрувам да почнеме со постапката и да ги разгледаме предлозите на Работната група, рече Груби.

Тој додаде дека 7-ми јуни е клучен ден за одлуки и дека станува збор, како што вели, за само технички амандмани, чија постапка на донесување очекува да започне на крајот на јули.

- Нашиот став од 7-ми јуни е најдоброто нешто што сме можеле да го направиме. Ние ветивме европска интеграција. ДУИ е партија која ветува и остварува. Во насока на нашата партија, ние се би жртвувале само Северна Македонија да влезе во Европска Унија. Небитна е власта. Дали меѓу ДУИ во опозиција или Македонија во ЕУ, ние ќе бираме Македонија во ЕУ. Немаме дилема за ставот. После сите кризи, ова е вистинскиот пат, додава Груби.


Слично

Поврзани вести