Грција се договори со меѓународната заедница за новите буџетски кратења
Грчката Влада конечно постигна договор со тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ за пакетот економски мерки за штедење, а во замена за добивање финансиска помош од 31,5 милијарди евра, истакна денеска грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.
Во следните неколку дена, ќе се чека договорот да биде одобрен од лидерите на владејачката коалиција, а потоа поднесен за гласање во парламентот. Дел од лидерите на партиите од владеачката коалиција, веќе изразија несогласување поради пакетот мерки за штедење и се заканија дека ќе гласаат против.
Слично
