Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција го одложува носењето на новите мерки за штедење

Грција го одложува носењето на новите мерки за штедење
Најдоцна до недела Грција треба да ги договори следните мерки за штедење од што зависи следната транша од финансиската помош вредна 31,5 милијарди евра. Тридневното продолжување е дозволено за да се договорат меѓусебно лидерите на владејачката коалиција и да се омекат ставовите на Демократската левица која инсистира на подобрување на условите во реформите на трудовата политика на кои жестоко се противи. Следниот состанок на претставниците на министерствата за финансии на членките на еврозоната е закажан за во понеделник, а планот со заклучоците до кои ќе дојде Атина ќе биде разгледан во среда од страна на Еврогрупата, составена од министрите за финансии од еврозоната. Во исто време, постојат несогласувања и во ПАСОК, но и кај дел од останатите пратеници кои веќе се заканија дека ќе гласаат против мерките за приватизација на Министерството за финансии.
Слично

Поврзани вести