Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРОЗОМОРНИОТ НАСТАН, СЕПАК, НЕ ЈА ОДЛОЖИ ЛИДЕРСКАТА - денеска соочување Ковачевски - Мицкоски во Собранието

ГРОЗОМОРНИОТ НАСТАН, СЕПАК, НЕ ЈА ОДЛОЖИ ЛИДЕРСКАТА - денеска соочување Ковачевски - Мицкоски во Собранието

Грозоморниот настѕан од вчера, сепак, не ја одложи лидерската средба планирана за денеска меѓуѕ премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Всуѓшност, на лидерската средба ќе бидат присутни лидерите на парламентарните партии. 
„Денеска, 4.12.2023 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.

Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Северна Македонија.
Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието“, се вели во соопштениетоп од владиниот кабинет.

Слично

Поврзани вести