Грозоморна смрт на македонската граница: Изел дрога и умрел за да нема докази
Македонски државјанин од Злетово голтнал ќесичка со дрога пред македонската царинска и погранична полиција за да не му го фатат доказот, но тоа завршило фатално по неговиот живот.
Прашкастата материја која Д.А.(32)ја голтнал на македонско-бугарскиот граничен премин кон Делчево се наоѓала во најлонска фолија, па не е познато дали причината за смртаа е давење или труење, но настанот пред полицијата бил трауматичен.
– Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А. била пронајдена ќесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници, во еден момент Д.А. ја земал ќесата, ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал – се наведува во МВР билтенот.
Веднаш била повикана екипа на итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде починал околу 22 часот.
Како што соопшти МВР, синоќа во 19.15 часот на Граничниот премин Делчево на влез во Република Македонија со патничко моторно возило „Мини купер“ со бугарска национална ознака се пријавил Д.А. од Злетово, кој го управувал возилото. Како совозач било 18-годишно лице од Пробиштип.
