Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грозданова за вакцинацијата: Ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19

Грозданова за вакцинацијата: Ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19

Сите вакцини се безбедни, ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19, вели претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова. 

Таа рече дека планот за вакцинација со „АстраЗенека“ кај постарото население се одвива одлично, а околу 75 проценти од здравствените работници веќе се вакцинирани со „Фајзер“ и „Спутник“. За граѓаните со одредени заболувања, таа вели дека нема да има препораки за да се прима одредена вакцина. Грозданова смета дека најдобро е секој еден граѓанин во зависност од моменталната здравствена состојба, историја на болест ако има да се консултира со матичниот лекар или специјалистот.

„Не е исто на пример дали моментално имате некоја онколошка болест, или сте излекуван или колку време поминало. Затоа е најдобро консултацијата освен со матичниот да ја направите и со специјалистот,“ советува Грозданова.

За безбедноста на вакцината „АстраЗенека“ таа вели дека вакцината не е суспендирана за помладите, туку државата само ги следи искуствата од другите земји.

Искуствата од сите земји во светот каде што во последните четири месеци се врши имунизација покажуваат дека сите четири вакцини се безбедни.

Слично

Поврзани вести