Грозданов: Правиме баланс на пазарот кај цената на становите
Акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор во државна стопственост продава поевтини станови во споредба со приватните фирми затоа што настапува со најниска маржа, а има исти давачки за сите останати трошоци што влегуваат во формирањето на цената по метар квадратен.
Тоа го оцени денеска на прес-конференција директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, реагирајќи на тврдењата на одредни приватните фирми дека државното акционерско друштво при утврдување на цената нема исти давачки, односно не плаќа ништо.
Според Грозданов, становите што ги продаваат во Реонски центар во Општина Аеродром за кои може да се аплицира да се купат преку проектот „Купи куќа-купи стан“ со почетна цена од 795 евра за метар квадратен без 5 проценти ДДВ се меѓу најниските цени на пазарот, но и оти и со таа цена имаат заработувачка.
Во изминатите два дена, како што информира Грозданов, имало интерес од над 200 граѓани за становите во Реонски. Таму веќе се продадени 60 проценти од становите.
