Гром удри во куќа во Муртино
Гром удри во куќа во селото Муртино во 20:50 часот по што се запалила покривната конструкција, која по интервенција на пожарникарите е изгасната, јавува Телма. Нема повредени, информираа од ТППЕ Струмица, од каде интервенирале со едно против пожарно возило и пет пожарникари по силното невреме кое го зафати Струмичко вечерва во 19:30 часот. Има поплавени дворови и подруми.
Слично
