Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грнчаров за Самсоненко: До избори уште два-три пати ќе си оди и ќе се враќа

Грнчаров за Самсоненко: До избори уште два-три пати ќе си оди и ќе се враќа

Бобан Грнчаров, легендарниот фудбалер на Вардар и своевремено капитен на црвено-црните во период кога Сергеј Самсоненко беше и се уште е сопственик на клубот, се јави со свој коментар на социјалните мрежи и напиша дека „до избори рускиот инвеститор уште два-три пати ќе си оди и ќе се враќа“

Овој статус на поранешниот фудбалер, кој е познат по тоа што нема влакна на јазикот, следува откако во медиумите повторно се јавија пораки од Самсоненко дека се повлекува од најтрофејниот македонски фудбаски колектив и истиот му го враќа во владение на Град Скопје, за потоа за кратко време да следуваат објави дека се предомислува.

- Леси се враќа кучи. Сега иде или останува....има до избори уште време, уште два-три пати ќе си иде па ќе се враќа, напиша популарниот Грне.

Во моментов Вардар на табелата е првопласиран со осум бодови предност во однос на ривалот Шкендија во домашното првенство.


Слично

Поврзани вести