Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРМОТЕВИЦИ, ПОРОЕН ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР - се најавуваат нови врнежи, бидете внимателни ако престојувате на отворено

ГРМОТЕВИЦИ, ПОРОЕН ДОЖД И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР - се најавуваат нови врнежи, бидете внимателни ако престојувате на отворено

Под влијание на циклонската активност која е со центар источно и југоисточно од нас најмногу ќе ја почувствуваме денеска (четврток) и утре, особено во попладневните  и во вечерните часови, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Тој нагласува дека на повеќе места во Македонија ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

- Оваа циклонска активност локално ќе услови и поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град.

И во Скопје  и околината утре и во петок во попладневните  и во вечерните часови ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.  Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град - укажува Попоски на неговиот вебканал „Метеоаларм“.

Што се однесува до температурите, во овие два дена тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 33 степени во текот на утрешниот ден, додека во петок ќе биде пониска за некој степен и ќе се искачи до 31 степен.

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Слично

Поврзани вести