Грмотевични облачни јадра со пороен дожд, грмежи и силен ветер: Еве какво време ни носи денешниот ден
Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека времето во Македонија во вторник, 12 мај 2026 година, ќе биде топло, спарно и со значително присуство на сахарска прашина во атмосферата.
- -Денот вторник повторно ќе ни биде топол, многу мачен и спарен, а во атмосферата ќе има поголемо количество на сахарска прашина и песок, па таа ќе биде заматена и нечиста – информира Попоски.
Според него, времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со засилен до силен ветер од западен правец, кој локално може да достигне и над 75 километри на час.
- -Во попладневните часови локално ќе има развој на грмотевични облачни јадра со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а можни се и поинтензивни процеси со невреме и појава на град – додава Попоски.
Во Скопје и околината се очекува слична состојба, со умерено облачно време и засилен ветер, а попладне услови за локална нестабилност со дожд и грмежи.
Температурите ќе бидат високи, над 25 степени во поголем дел од земјата, а во Повардарието и југоисточните делови ќе достигнат до околу 30 степени. Во Скопје максималната температура ќе биде близу 30 степени.
Слично
