Грковска за Јовески: Не треба да биде уставен судија
Вицепремиерката Славица Грковска во Топ тема на Телма изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија.
„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска.
Таа вели дека ако сакаме успех во борбата против корупцијата мора да направиме коалиција на луѓе со интегритет во сите области. Според неа, неопходно е да се унапреди транспарентноста во правосудниот систем.
Слично
