Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грковска со Тупанчевски по случајот „Палермо“

Грковска со Тупанчевски по случајот „Палермо“

Вицепремиерката за спречување корупција Славица Грковска која е на чело на ресорот што се грижи за добро владеење на Владата и на владиниот апарат на социјалната мрежа Фејсбуки објави заедничка фотографија со министерот за правда Никола Тупанчевски. Грковска и Тупанчевски се во друштво со колеги-министри од Бугарија 

Јавноста очекува од вицепремиерката да ги достави уплатниците и другите докази дека министерот платил за летот до Палермо и другите трошоци при неговото патување и следење на фудбалскиот натпревар меѓу македонската и италијанската репрезентација.

Тупанчески деновиве изјави дека сите сметки и извршени трансакции ќе ги приложи „таму каде што треба“, додавајќи дека е точно оти летал со чартер летот организиран од Фудбалската федерација на Македонија но дека сам ги платил авионскиот билет и влезницата за натпреварот.

За тоа дали патувањето на министерот Тупанчески во Палермо било подарок и кој го платил, премиерот Димитар Ковачевски посочи оти во однос на другите правни аспекти, побарани се информации од вицепремиерката Грковска.

„Во однос на другите аспекти кои што се правни аспекти веќе информации има побарано вицепремиерката за добро владеење и откако ќе ги собере сите информации ќе си направи извештај согласно со етичкиот кодекс и препорачани мерки што треба да се направат“, изјави Ковачевски во своето последно интервју.


Слично

Поврзани вести