Грковска најави „американски измени“ на Законот за рестриктивни мерки
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најавува „американски измени“ на Законот за рестриктивни мерки, со кои ќе бидат опфатени лицата од „црната листа“ на САД.
Ova го соопшти нејзиниот кабинет по состанокот со координаторот на Стејт Департментот на САД за глобално спречување на корупцијата, Ричард Нефј,у.во рамките на Конференцијата на земјите потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата.
„Таа го информираше Нефју дека на нејзина иницијатива е започната постапка за промена на Законот за рестриктивни мерки, во кој ќе се вклучат и правните акти на САД, по што македонските институции ќе имаат можност да преземат ефикасни мерки по објавувањето на конкретни имиња на листата на санкции на САД, за што веќе наредната недела ќе заседава работната група што таа ја предводи. Вицепремиерката Грковски извести дека во тек е и подготовка на друго законско решение, кое исто така ќе биде врзано со листата на санкции на САД, а кое ќе обезбеди друг вид на конкретни санкции“, објави кабинетот на Грковска.
