Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грк сакал да поткупи македонски полицаец со 5 евра

Грк сакал да поткупи македонски полицаец со 5 евра

Полицијата приведе грчки камионџија на кого ќе му се суди поради тоа што при проверка на документацијата сакал да поткупи македонски полицаец со 5 евра.

Настанот се случил синоќа на наплатна рампа Демир Капија, каде полициски службеници од Полициска станица зa граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишиле од слобода Г.К.(35) од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп.

„Имено, Г.К. кој управувал товарно возило "сканија" со полуприколка, и двете со бугарска национална ознака, при контрола на документите кои ги дал на увид понудил банкнота од пет евра како поткуп на полицискиот службеник кои веднаш му биле вратени назад“, објави МВР.

Обвинителот побарал лицето да биде приведено и задржано во полициска станица, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка пред надлежен суд во Неготино.


Слично

Поврзани вести