Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грижа за економијата или докажување кој е полош

Грижа за економијата или докажување кој е полош

Кој повеќе се грижи за економијата, Груевски од позиција на екс премиер кој водел многу проекти и економски политики или СДСМ од каде се очекува напорна работа и многу реформи. Критиките на Груевски за новите негативни показатели за индустријата не останаа неодговорени од СДСМ.

Залудни се празните обвинувања и лажната загриженост за економијата на Никола Греувски кога токму тој со неговите сорабтници ги презадолжија граѓаните и ја урнисаа економијата за да можат криминално да се богатат на сметка на осиромашените граѓани, реагира СДСМ на изјавата на Никола Груевски.

Екс премиерот посочи дека очигледно е дека владата има сериозен дефокус, дефокусирање од економијата. Очигледно е дека немаат доволен интерес да ги продолжат добрите трендови во економијата и големиот ангажман што претходната власт го имаше во правец на отворање на работни места. За нови работниместа потребни се многу активности, пред сѐ помагање и носење на инвеститори и помагање на постојните инвеститори со разни мерки и активности да остварувваат подобри резултати. Очигледно е дека тие активности се запрени или се сериозно намалени и тоа веќе се изразува и преку официјалните податоци на Заводот за статистика.

„Економијата, државата и целокупното општество се движат во добар правец откако Груевски замина во опозиција. Граѓаните секојдневно ги гледаат и чувствуваат придобивките од одговорното работење на Владата предводена од СДСМ преку кое се кратат трошоците за лускуз, се намалува јавниот долг, а повеќе пари се враќаат кај граѓаните преку намалените трошоци за живот, возвраќаат од СДСМ.

За разлика од криминалното и расипничко трошење на парите на граѓаните за лускуз и криминално богатење на Груевски и соработниците, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со финансиите, ги намалува долговите што токму Груевски ги создаде, обезбедува поголема помош за домашните компании, се со цел за отворање на нови работни места, повисоки плати и севкупен економски раст“, соопшти СДСМ.

Слично

Поврзани вести