ГРИЖА АМА И ПИАР: И Филипче и Шилегов гледале како се мијат пункновите за вакцинација (фотогалерија)
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа почнале активности за рачно миење на сите пунктови за масовна вакцинација каде што се спроведува имунизацијата на жителите на градот Скопје против вирусот Ковид-19. Од фотографиите кои ги објавија се гледа дека и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, но и министерот за здравство Венко Филипче биле додека се чистело пред А1 Спортскиот центар Борис Трајковски.

Инаку синоќа освен таму се чистело и на поликлиниките Букурешт, Чаир и Јане Сандански, со употреба на четири автоцистерни, се наведува во соопштението на ЈК Комунална хигиена – Скопје.

- Во непосредната околина на пунктовите за масовна вакцинација против вирусот Ковид-19 секојдневно забележуваме голема фреквенција на луѓе и возила и од тие причини ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва презема вонредни активности за одржување на хигиената и чистотата на овие локации, со цел максимална заштита на јавното здравје, изјави синоќа директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.



