Грипот зеде 88 животи во Романија, колку се пријавени во Македонија
Вкупно 88 луѓе починаа во Романија од грип, соопштија денеска здравствените власти од оваа земја. Последната жртва е двегодишно момче кое не било вакцинирано, а меѓу починатите најголем дел се постари лица. Во Романија е прогласена епидемија на грип, а властите очекуваат бројот на новозаболени да не се зголемува со толкав интензитет, затоа што се очекува пад на темепературите.
Според податоци од Иститутот за јавно здравје во Македонија во оваа сезона има 2.873 луѓе заболени од грип што е за 17 отсто помалку од истиот период лани. Само во последната недела од јануари пријавени се 643 нови случаи.
Најмногу заболени има од Гостивар.
По месеци бројот на заболени со грип е ваков:
октомври – 51 заболен или 1,8%
ноември – 383 заболени или 13,3%
декември – 784 заболени или 27,3%
јануари – 1.655 заболени или 57,6%
