Грета Тунберг го посети Тетово - која локација ја разгледа?
Шведската еко-активистка Грета Тунберг вчера престојувала во Тетово, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово. Според објавата на организацијата, Тунберг имала можност да се запознае со нејзините локални активности и со заедничкиот волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Тунберг заедно со претставници на организацијата ја разгледала и новата локација на центарот, а деновиве повеќе од стотина волонтери работеле интензивно на нејзино подготвување. Центарот најави отворање на новиот простор за сабота, со почеток од 18 часот.
Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.
Фото: Општествено-културен центар Тетово
