ГРЕШКИТЕ ВО АРХИТЕКТУРАТА НЕ СЕ ПОПРАВААТ: Во Центар да се спаси тоа што може!
Реакциите и влијанијата за деталниот урбанистички план за Дебар Маало се задоцнети, грешките во архитектурата тешко се поправаат, а во урбанизмот се непоравливи, укажуваат од асоцијацијата на архитекти. Оттаму велат дека во сегашната ситуација треба да се спаси и она малку што е останато во општината Центар.
-Сега треба да се види кој е тој јунак што може да го спаси и она малку што остана, а не остана речиси ништо. Општината мора да реагира уште при нарачување на планот, урбанистите, архитектите, надворешните консултанти во општините, Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје се оние кои потпишуваат за издавање на одобренијата, тоа се оние исти луѓе кои потпишаа да се изгради се она што го гледаме. Само во зависност од тоа која партија е на власт им се менува нивото на функцијата, но тие се секогаш таму. За парадоксот да биде поголем Дебар маало е местото каде становите најлесно се продаваат и имаат највисока цена. Како тогаш да видат дека ДУП – от е лош? На прашањето дали со новиот ДУП за Дебар Маало предвидениот објект за општината од 15 спрата, можел да се намали во висина, одговорот е дека не знаат бидејќи до сега никој никогаш не побарал смалување на квадратура за градба, туку само зголемување, Јавна анкета на која “дебармаалци“ приложиле жалби!?
Добро би било да се видат нивните жалби, токму на “дебармаалци“ каде се жалат дека зеленилото на парцелата им е намалено, новопредвидената квадратура им е преголема, просторот за паркирање им е премногу и со тоа негативно се влијае на јавниот живот на заедницата. Истите тие “дебармаалци“ утре ќе добијат околу 30% од изградената површина и ќе бараат начини да решат станбено прашање на 3 генерации на сметка на трошните куќи во кои живееле. Па бараат во 38,4 м2 квадратни двособни станови, во 58,2 м2 трособни, (бидејќи таа квадратура ни помалку ни повеќе им следува) инвеститорот ќе се сложи дека такви станови најдобро се продаваат.
Во меѓувреме се откупило земјиштето кој за 9 еур/м2, а кој имал повеќе среќа за 1 еур/м2, се легализирале дивоградби со што се гордеат и градоначалниците, па им се зголемила површината за градење и во тој зачаран круг и општ хаос да се очекува урбанизам и архитектура е невозможно, вели Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Што содржи планската документација за Дебар Маало?
Архитектите урбанисти посочуваат дека секој Детален урбанистички план се изработува врз основа на предходна планска документација. Еве како изгледа планската документација за ДУП Дебар Маало, која го опфаќа локалитетот Детален урбанистички план за Градска Четврт З 10, Локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар, а истата е изготвена и третиранa во:
- Генерален урбанистички план за град Скопје од 2012 година.
- Урбанистички план за четврт З10, Скопје –плански период 2013 - 2022 год. (Одлука бр. 07-6508/1 од 25.09.2014 год.)
- Детални урбанистички планови: - ДУП за Градска четврт “Дебар Маало 1” ,Општина Центар (Одлука бр. 07-9816/4 од 21.12.2012 год.) - ДУП за Градска четврт “ДЕБАР МААЛО 2“, Општина Центар (Одлука бр. 07-3727/2 од 28.12.2009 год.) - ДУП Изменување и дополнување ба ДУП “Дебар маало 2” Дел од Блок 14, Општина Центар (Одлука бр. 07-2138/4 од 31.05.2011 год)
Слично
