ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа од македонската Армија.
И претходно имаше грешки со знамињата.
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во 2022 година во кабинетот на својот колега Бујар Османи ја пречекаа со знамето на Република Словачка.
На масата меѓу двајцата министри се вееја словачкото и македонското знаме.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во 2018 година го пречекаа со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата.
Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.
Слично
