Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грешка која ова лето може скапо да ве чини во Црна Гора: Кој ја направи ќе му наплатат до 500 евра

Грешка која ова лето може скапо да ве чини во Црна Гора: Кој ја направи ќе му наплатат до 500 евра

Новата регулатива предвидува казни за туристите и граѓаните кои шетаат по улиците на Улцињ, плоштадите и парковите покрај брегот во бикини или без кошула.

Црногорската општина Улцињ усвои нова регулатива со која се ограничува движењето во облека за плажа надвор од крајбрежните области.

Според одлуката донесена од Општинското собрание на Улцињ, на граѓаните и туристите нема да им биде дозволено да се движат во бикини или делумно голи по улиците, плоштадите, парковите, шеталиштата и другите јавни простори на градот.

Регулативата не се однесува на плажите и областите во близина на брегот наменети за туристи, објавува ТРТ Балкан. Оние кои ја прекршуваат регулативата подлежат на значителни казни, кои, според соопштението на локалните власти, се движат од 350 до 500 евра за поединци.

Одлуката ја потврди и претседателката на Општинското собрание на Улцињ, Ивана Поповиќ, на својот официјален профил на Инстаграм, која нагласи дека целта на мерката е „да се одржи редот, етиката и имиџот на туристичкиот град во текот на летната сезона“.

ФОТО: Илустрација / АI


Слично

Поврзани вести