ГРЕКО: Нема опиплив напредок во борбата против корупцијата
Во својот најнов извештај, ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа за Македонија оцени дека нема опиплив напредок во конкретната област.
Според нив, резултатите се разочарувачки и се бара поголемо залагање од власите во спроведување на конкретни мерки, со кои ќе се имплементираат препораките, дадени пред повеќе од 4 години.
Советот на Европа истакна дека од вкупно 19, само 6 препораки се исполнети. ГРЕКО го истакнува усвојувањето на амандманите за законот за Судскиот Совет. Телото ги посочува и контроверзните поврзани за Државната Комисија за спречување на корупцијата и недостатокот на напредок во изјавите за имоти и интереси.
Ограничен напредок има во областа на судиите и обвинителите, а во однос на пратениците не е применета ниту една препорака. Целиот извештај, прочитајте го ТУКА.
