Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грците со протести сакаат да го спречат потпишувањето на договорот за името

Грците со протести сакаат да го спречат потпишувањето на договорот за името

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест. 

„Ако Ципрас се обиде да оди во Преспа, онаму каде што се светите останки на Павлос Мелас и на останатите Македономахи што ги дадоа нивните животи за слободата на татковината, соопштуваме дека ќе бидеме таму, десетици илјади за да не дозволиме да се потпише договорот“- велат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“. 

Тие ги повикуваат, преку социјалните мрежи, граѓаните да им се придружат, а пратениците да си дадат оставка од нивните пратенички места.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, по информацијата дека веројатно в петок, во грчкиот Парламент ќе се одржи расправа за постигнатиот договор, организаторите на протестите повикуваат на собир на атинскиот плоштад Ситагма. 

Слично

Поврзани вести