Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

Атина засега не е дојдена до точката да стави вето. 

„Засега не сме дојдени до точката вето, но Преспанскиот договор мора да се почитува“, изјави портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис. 

Одговорот за вчерашната свечена изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова која не ја употреби придавката „Северна“.

„Во овој момент не сме до оваа точка, но јасно е и не се потребни многу толкувања, неопходен предуслов за интегративниот процес на Северна Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа“, рече Маринакис.

Портпаролот на грчката Влада го повтори она што утрово го напиша премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека вчерашниот став на претседателката Давкова за време на инаугурацијата е „провокативен и навредлив и спротивен на Договорот од Преспа“, Договор за кој како што посочи „откако беше изгласан ги обврза двете држави и Грција и Северна Македонија да го спроведат“.

Договорот од Преспа, македонските и грчките власти го потпишаа на 17 јуни 2018 година во Нивици. 

фото грчка Влада

Слично

Поврзани вести