Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ НА ШТРЕК: Го чекаат епилогот од македонското Собрание

ГРЦИТЕ НА ШТРЕК: Го чекаат епилогот од македонското Собрание

Грчките политичари чекаат да видат што ќе одлучи македонското Собрание денеска, и дали ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени, кои се дел од Договорот од Преспа. 

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, објави дека ја откажува средбата со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, кој требаше да се одржи денеска, пишува грчки „Катимерини“.

Состанокот на кој според весникот требаше да се разговара иднината на владината коалиција, е одложен поради одлагањето на седницата во македонското Собрание, на која на дневен ред се уставните измени, посочи Каменос.

Откако процедурата ќе заврши во македонското Собрание, таа се префрла во Грција, каде што пратениците исто така ќе треба да расправаат за договорот од Преспа. По ратификација во Собранието на Република Македонија, договорот треба да се ратификува и во Грција.

„Решивме да ја одложиме средбата со премиерот сé додека не се решат компликациите во ФИРОМ“, изјави Каменос.

Каменос додаде дека е во комуникација со премиерот, но дека разговорите не би можеле да продолжат само врз основа на возможни сценарија.

Вчера германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со грчкиот премиер, Алексис Ципрас и порача дека Северна Македонија ќе придонесе не само за двете земји, туку и пошироко за регионот. Грците вчера протестираа против Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести