Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЦИТЕ ЌЕ ПОМОГНАТ: Два канадера и копнени сили ќе го гасат пожарот кај Дојран

ГРЦИТЕ ЌЕ ПОМОГНАТ: Два канадера и копнени сили ќе го гасат пожарот кај Дојран

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран. 

Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во големиот шумски пожар веќе интервенираат.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов побара помош од државните институции затоа што гори кај Николиќ. 

Слично

Поврзани вести