ГРЦИТЕ ГО ФАТИЈА ВО КАТЕРИНИ: По 27 години бегство е уапсен Ацо Боцевски – Циганот
По 27 години бегство во Грција е уапсен Ацо Боцевски – Циганот.
Toj во 1998 година е осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими во центарот на Скопје. Откако беше пуштен во куќен притвор, избега од државата. Eдна од најстарите полициски меѓународни потерници е распишана по него.
Беше во бегство повеќе од две децении, а сега е уапсен во грчкиот град Катерини, потврди полицијата.
„Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, велат од полицијата.
Боцевски е осуден за убиство извршено среде бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и го убил Ибраими со повеќе истрели.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
