Грција повеќе не е иста! Цените отидоа во небо: Еве колку пари ви требаат за храна и гориво – подгответе се за шок!
Влијанието на конфликтот на Блискиот Исток веќе се чувствува во Грција, каде растат цените на енергенсите, транспортот и дел од прехранбените производи, покажуваат најновите податоци на Хеленскиот статистички завод (ЕЛСТАТ).
Според анализата, инфлацијата бележи раст од 2,6 проценти на месечно ниво и 3,9 проценти на годишно ниво, при што најсилен притисок доаѓа од енергетскиот сектор.
Цените на горивата имаат значителен скок, при што дизелот поскапел за 24,1 процент, бензинот за 11,4 проценти, а останатите горива за 19,8 проценти. Ова директно се одразува и врз транспортниот сектор, каде инфлацијата достигнала 7,3 проценти во однос на претходниот месец.
Значителен раст е регистриран и кај авионските билети, чија цена на месечно ниво е зголемена за 26,2 проценти.
Кај храната, растот е поблаг и изнесува 0,2 проценти на месечно ниво. Поскапувања има кај јогуртот (3 проценти), овошјето и зеленчукот (2,2 проценти), додека поевтинување е забележано кај тестенините (3,5 проценти), говедското месо (0,5 проценти), свежата и замрзната риба (3,3 проценти) и јадливите масла (1,6 проценти).
Покрај енергенсите и храната, значително поскапување има и кај облеката и обувките, каде цените пораснале за 21,9 проценти, што се поврзува со завршувањето на зимските попусти и враќањето на редовните цени.
Овие трендови укажуваат дека економските последици од глобалните тензии сè појасно се прелеваат врз секојдневниот живот и трошоците на граѓаните во Грција.
Телеграф.рс