ГРЦИЈА ЌЕ „ВРИЕ“: Најавени протести во 13 градови-причина е „Македонија“
6 јуни е датумот кога Грците ќе ги преплават улиците одржувајќи 13 паралелни протести во неколку градови.
Јужните соседи излегуваат за „грчкиот карактер на Македонија“, пренесуваат медиумите, а како што јавила дописничката на МИА градови во кои се најавени протести се Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.
Во повиците за протести се повикуваат граѓаните да излезат на собир за да се „спречи криминалот со предавање на името на Македонија на фалсификаторите на историјата“.
„Ако некои во грчкиот Парламент сакаат да ѝ се спротивстават на народната волја не треба да има ни најмал сомнеж дека тие ќе се соочат со народниот бес што не заборава, ниту пак простува. Се бара подготвеност од секој Македонец и од секој Грк и Гркинка, за да ја одбраниме нашата Македонија, се потенцира во повикот од организаторите, од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, објавен на социјалните мрежи.
