Грција и натаму не поддржува за евроинтеграциите, но тоа не е безусловно
Грчката поддршка за европерспективата на Македонија останува непроменета, но со исполнување на поставените услови.
Ова го повтори власта во соседна Грција. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите говореше на оваа тема. За изјавата на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотс дека „враќањето на националистичка реторика од соседите“, ќе доведе до „редефинирање на грчката национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ“, Папајоану, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали тоа значи и можно вето од Ггрција, објасни дека и во самите заклучоци од Европскиот совет се вклучени и билатералните договори.
„Што се однесува на европската перспектива, не само на Северна Македонија, туку и на сите земји од Западен Балкан, постои познатата условеност, односно условите вклучени во заклучоците од Европскиот совет. Таму секако се и обврските што се однесуваат и на спроведување на билатералните договори и Договорот од Преспа“, рече портпаролот на грчкото МНР.
Откако премиерот Зоран Заев поднесе оставка по локалните избори, која пак сега е одложена, Грција и Бугарија повикаа на почитување на склучените договори.
