Грција и Македонија „направиле историски пробив“ во комисијата за ревизија на учебгниците
Јоргос Катругалос
Високи претставници на Грција и Македонија потврдиле дека е постигнат во преговорите за ревизија на учебниците кај двете страни, објави Асошиејтед прес.
Според Спогодбата од Преспа, Грција и Македонија се обврзани да превземат ефективни мерки за отстарнување на навредливи и пропагандни содржини од учебниците кои можат да предизвикаат шовинизам, иредентизам и ревизионизам.
Првиот состанок на 14-члената комисија се одржа овој месец во Солун, а заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, ја оквалификувал средбата како мошне конструктивна. Одобрувањето на методологијата на работа од страна на комисијата го оценил како „историски пробив“.
Слично
