Грција и Албанија одбиле заедничко чествување на Прличев, вели Ѓоргиев
Ние предложивме Григор Прличев да се чествува четирипартитно, но Грција и Албанија одбија, односно не покажаа интерес, вели копретседателот на Мешовитата комисија за историски прашања, Драги Ѓоргиев за емисијата „Само интервју на Канал 5“.
„На третата средба усвоивме текст за Григор Прличев, кој е поминат на меѓувладината комисија во јуни 2019 година“, вели тој.
Тој додаде дека Прличев ја има добиено најголемата книжевна награда во Грција за поемата „Сердарот“.
„Откако Грција и Албанија одбија, бугарската страна подготви нов текст за него, кој што е навредлив за нас и не го прифативме. Во самиот годишен извештај стои дека доколку грчката страна не прифати, ние ќе работиме да го подобриме“, констатира Ѓоргиев.
За Прличев се смета дека треба да има свој придонес и кон грчата култура.Вели дека за 5-6 средби нема резултати со бугарските колеги.
