Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција бара да се свика меѓувладина конференција со Северна Македонија, а за Албанија доколку се исполнат критериумите

Грција бара да се свика меѓувладина конференција со Северна Македонија, а за Албанија доколку се исполнат критериумите

Грција сe залага за напредок во интегративниот процес на Северна Македонија. 

Јужниот сосед сака да има напредок во интегративниот процес на земјите од Западен Балкан и во оваа рамка и да се свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, а за Албанија доколку се исполнат поставените критериуми, изјави портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Папајоану ги повтори изнесените ставови на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, како за време на средбата со неговиот хрватски колега минатата седмица, така и со шефот на португалската дипломатија пред два месеци во однос на европерспективата на регионот.

„За ова прашање имаше темелен разговор меѓу министерот за надворешни работи и неговиот хрватски колега и потенцираа дека интегративниот процес на Западниот Балкан во Европската Унија не треба да заостане. Тоа не е прашање кое треба да се занемари и да потсетам дека ова беше едно прашање кое Дендиас го покрена на средбата со неговиот португалски колега во јануари, кога беше во Лисабон и кога разговараа за приоритетите на португалското претседателство, Дендиас му рече дека нешто што во секој случај треба да се направи во овие шест месеци е процесот да оди напред. Да не изгледа дека е заглавен и не продолжува. Треба да има динамика“, изјави портпаролот на грчкото МНР. Дендиас завчера имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, при што станало збор за последиците од пандемијата врз прашањата поврзани со проширувањето на ЕУ и европското соседство.

Екс шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во јануари упати критики кон Бугарија затоа што не дозволи Македонија да почне преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести