Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грција бара да се почитува името „Северна Македонија“ и од приватниците кои добиваат државни пари

Грција бара да се почитува името „Северна Македонија“ и од приватниците кои добиваат државни пари

И приватните правни лица кои на еден или друг начин добиваат финансии од државниот буџет во Грција ќе мора да го применуваат името „Република Северна Македонија“ во согласност со Преспанскиот договор, објави грчкото министерство за надворешни работи.

Циркуларно писмо до јавните служби со упатство за примена на Договорот од Преспа за употребата на придавките за државата, владата, министрите и сл, во циркуларот, грчкото се објаснува дека правилно е да се користи: „Влада на Република Северна Македонија“ или, „Министерот за надворешни работи на Северна Македонија“, а не „македонска влада“ или „македонски министер“ и ова важи и за сите приватни субјекти финансирани од државата.

Новото уставно име важи од 12 февруари за сите употреби, за сите цели и во сите меѓународни и регионални организации, институции и форуми, но и во билатералната службена пошта.


Слично

Поврзани вести