ГРЧКОТО МОРЕ, ПЛАЖИ И ГИРО И НАТАМУ НЕМААТ ЗАМЕНА - еве што покажаа утринава камерите на Богородица
Дали одат на викенд, иако овој пат не е продолжен туку обичен дводневен, или заминуваат на одмор, не е ни битно, но македонските граѓани и утрово покажаа дека блиското и топло грчко море, но и вкусните грчки специјалитети, како гирото и убаво подготвените морски плодови, им се навистина драги.
Тоа го регистрираа и камерите на граничниот премин Богородица, кои и ова саботно утро покажаа колони со многу македонски возила кои чекаат за влез во Грција.
Медиумите, пак, секојдневно лиферуваат информации за тоа какви се условите и колку се цените на лежалките и пијалоците на грчките плажи.
Слично
