Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкото МНР се мобилизира по изјавите на Заев и Димитров

Грчкото МНР се мобилизира по изјавите на Заев и Димитров

Грчкото министерство за надворешни работи предводено од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас одржало состанок.за да ги разгледаат следните чекори на Атина по најавите што доаѓаат од Скопје, објави „То Вима“.

Имплеметирањето на одредени внатрешни одредби за внатрешна употреба од Преспанскиот договор остануваат замрзнати откако Брисел не даде зелено светло за отпочнување на преговорите. премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димиторв рекоа дека тоа се одредби поврзани со отворање на пристапнте поглавја, а тоа го запали алармот во Атина што поттикна собир на високи дипломати кај Дендиас.

-Генералната проценка што беше формирана е дека тврдиот став на францускиот претседател ја убива агендата на Солун од 2003 година, што беше еден од најважните моменти од грчката дипломатија. Поради тоа, грчката влада треба да најде начини на пристап како со Северна Македонија, така и со останатите земји од таканаречениот „Western Balkans 6“ со цел да се потврди водечката улога на Грција во регионот“, пишува „То Вима“.

Според весникот, Атина има намера да се координира и со другите балкански земји членки на ЕУ како Бугарија, Хрватска и Словенија. Изданието пренесува дека засега Грција останува на нивото на „неформални телефонски контакти со Северна Македонија, кои ќе се интензивираат во следниот период“.


Слично

Поврзани вести