Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКО МНР: Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите

ГРЧКО МНР: Хан  да престане да дава погрешна слика за преговорите

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево со соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот, Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.

Велат дека како што се покажа, тој преговорите не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Хан претходно во текот на денот изјави дека за две недели може да се реши името, но ова го негираше премиерот Зоран Заев кој кажа дека толку брзо името не може да се реши. 

Слично

Поврзани вести