Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките војници на парада ја навредуваа Македонија

Грчките војници на парада ја навредуваа Македонија

Дел од грчките војници излегоа со навреди кон Македонија. 

Со скандирања против нашата земја и  Договорот од Преспа парадирале грчките војници вчера на воена парада во градот Солун, по повод сеќавање на денот кога Грција влегла во борбата против фашизмот во Втората светска војна. Некои членови на единицата извикувале „Македонија е Грчка“, додека поминувале покрај ВИП ложата, каде биле сместени грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос и други делегации.

Грчката полиција успеала да спречи мала група демонстранти која имала намера да маршира и да протестира против Договорот од Преспа.

Додека говорел министерот за одбрана, Панос Каменос, кој е и лидер на малата десничарска партија „Независни Грци“, и кој остро се противи на Договорот од Преспа,  некој од толпата извикал: „Оставка! Спасете ја Македонија“.

„Кога ќе дојде време“, додал министерот.

На парадата присуствуваше и италијанскиот претседател, Серџио Матарела.

Истовремено, грчката полиција застанала мала група на демонстранти кои сакале да маршираат и да протестираат против Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесе АП.

Изјави за тоа дека Македонија е грчка досега повеќе пати даде и Павлопулос, а кога францускиот колега, Емануел Макрон беше во посета  на неговата земја, ја обвини Македонија за иредентизам. 

фото Танјуг

Слично

Поврзани вести