Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките власти порачуваат дека ако се врати националистичката реторика, тие ќе ја променат позицијата за евроинтеграцијата

Грчките власти порачуваат дека ако се врати националистичката реторика, тие ќе ја променат позицијата за евроинтеграцијата

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат грчките власти. 

Оттаму велат дека се загрижени за состојбата во Македонија. Тие сметаат дека земјава се наоѓа во политичка бура. 

„Враќањето на една националистичка реторика од нашите соседи, во суштина ќе нѐ одведе до редефинирање на нашата национална позиција за поддршка на процесот на проширување на ЕУ“, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис , јави дописничката на МИА од Атина.

И во Бугарија не се задоволни од успехот кој ВМРО-ДПМНЕ го постигна на локалните избори. 

Aналитичарот Николај Крастев вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот од Преспа е индикативен и за односите со Бугарија и вели дека не треба да се заборави дека ВМРО-ДПМНЕ порача дека Северна Македонија треба да ги прекине односите со Бугарија.

Слично

Поврзани вести