Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките служби ќе продолжат со потрагата по исчезнатиот Македонец, Османи разговарал со Дендијас

Грчките служби ќе продолжат со потрагата по исчезнатиот Македонец, Османи разговарал со Дендијас

Грчките служби ќе продолжат со потрагата по исчезнатиот Македонец, Maртин Јовановски. 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи попладнево разговарал со неговиот грчки колега, Никос Дендијас околу потрагата по третиот Македонец кој исчезна во водите на Егејското Море на Халкидики.

Османи соопшти дека и покракј изминувањето на редовниот рок во согласност со грчките закони, донесена е одлука грчките надлежни служби да продолжат со потрагата по исчезнатото момче.


„Упатив благодарност за оваа одлука, како и за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата“, стои во објавата на министерот.

Веќе четврти ден како се трага по исчезнатиот Мартин Јовановски, кој во саботата за време на посетата на плажата во Посиди, го повлекла силната морска струја.

Претходно, семејството Јовановски побара македонските впасти да реагираат и да им помогнат да не запре потрагата. 

Слично

Поврзани вести