Грчките пензионери го запалија европското знаме
Стотици грчки пензионери денеска учествуваа на протестите во Атина поради планираните намалувања на приходите согласно новата програма за штедење.
Скандирајќи пароли против ваквите мерки, околу 300 пензионери се собраа на мирен протест пред канцелариите на ЕУ и го запалија знамето на Унијата.
Двата најголеми синдиката во Грција, ГСЕЕ и АДЕДИ за пополаднево закажаа одржување на митинзи. Презадолжената Грција се надева на меѓународните спасувачки кредити за намалување на огромниот буџетски дефицит. Повеќе од еден месец Атина преговара со своите меѓународната тројка кредитори за нова финансиска помош во износ од 13,5 милијарди евра во следните две години.
Слично
