Грчките медиуми објавија кога Ципрас доаѓа во Скопје
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас наскоро ќе ја посети Македонија, а грчките медиуми пишуваат дека посетата е планирана за 2 април.
Ова е прва официјална посета на грчки премиер во земјава. Ципрас ќе ја предводи делегацијата составена од неколку членови на неговиот кабинет и претставници на бизнис заедницата во Грција.
Со посетата ќе се потврди унапредувањето на соработката меѓу двете земји, како и јакнење на економската соработка.По потпишување на Договорот од Преспа лани се интензивираат македонско - грчките контакти.
Во дводневна работна посета на Атина минатата недела беше министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Владата минатиот месец на седница донесе одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун.
Слично
