Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките медиуми будно го следат: Заев инсистира на постоењето македонски јазик

Грчките медиуми будно го следат: Заев инсистира на постоењето македонски јазик

Дали зборува на собраниска говорница, неформално или пред новинарите, грчките медиуми будно ги следат изјавите на премиерот Зоран Заев, особено кога станува збор за оние кои се однесуваат на македонскиот јазик и неговото постоење.

Грчката телевизија „Скај“ блиска до десноориентираната политичка опција, пренесува дека Заев во последното телевизиско интервју што го даде во вторникот „тврди дека со Преспанскиот договор достоинството на земјата е зајакнето и дека никој не може да го потцени ниту македонскиот идентитет ниту македонскиот јазик“.

- Ние го зајакнуваме нашето достоинство како земја. Никој не може да го доведе под знак прашање  нашиот идентитет или нашиот македонски јазик. Ги отвораме нашите перспективи и верувам дека Македонија ќе стане членка на НАТО и ќе започне преговори со ЕУ - изјави Зоран Заев.

„Во исто време, Зоран Заев изрази уверување дека Скопје ќе влезе во НАТО и во ЕУ. и истакна дека 80 пратеници потребни за двотретинско гласање во македонскиот парламент за уставните измени ќе бидат пронајдени“, пренесува „Скај“, слично како и некои други грчки медиуми.


Слично

Поврзани вести