Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките и српски медиуми пишуваат како Заев се спаси во последна минута

Грчките и српски медиуми пишуваат како Заев се спаси во последна минута

Грчките и српскитe медиуми пишуваат како македонскиот премиер Зоран Заев се спаси во последна минута, со тоа што вчера немаше гласање доверба на Владата. 

„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси во последната минута“, „Северна Македонија: Заев го доби облогот“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува за вчерашните случувања, коментирајќи дека поради немање кворум пропадна иницијативата за гласање недоверба на Владата на Зоран Заев, но и дека настана „драма со албански пратеник“.

„Пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев“, „Северна Македонија: Без гласање за доверба на Владата, недостасува кворум“, „Како пропадна обидот на опозицијата за уривање на Владата на Зоран Заев: Еден пратеник не дојде во Собранието…“, „Владата на Заев не е соборена, опозицијата тврди дека власта киднапирала пратеник“, „Пропадна гласањето недоверба на Владата на Северна Македонија, се останува исто“…, се главни денешни наслови во српските медиуми по синоќешната политичка разврска во Собранието во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

Српските медиуми, секојдневно ја информираа јавност за „можноста за паѓање“ на коалициската Влада на Заев и комбинаториките околу политичката разврска за нова влада или нови парламентарни избори. 

Во Македонија вчера денот помина тензично. 

Слично

Поврзани вести