Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ ЗАДОВОЛНИ: Преговорите околу името не влијаат на туризмот

ГРЧКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ ЗАДОВОЛНИ: Преговорите околу името не влијаат на туризмот

Преговорите околу името на Македонија помеѓу Скопје и Атина не влијаеле на туризмот и големиот број туристи кои од Македонија патуваат во Грција, рекол Григорис Тасиос , претседател на грчкиот сојуз на хотелиери.

„Мислам дека одамна е јасно дека полтиката нема врска со туризмот, односно дека не влијае негативно на туризмот во Грција и Скопје. Очекуваме да видиме каков ќе биде исходот во преговорите меѓу владата, меѓу Владата на нашата земја и владата во Скопје“, искоментирал Тасиос пренесуваат дел од медиумите.

Тој на прашањето дали евентуален договор позитивно ќе влијае на туризмот, рекол дека односите се добри и дека тој лично не очекува било какви промени.

Халкидики и во реонот на Паралија, Олимпик Бич и Лептокарија се местата каде најмногу патуваат Македонците во Грција. Статистиката вели дека и годинава најмногу македонски граѓани патувале за Грција. 

Грците пак, зад Турција и Србија е трета земја на листата од која доаѓаат туристи во Македонија.

Слично

Поврзани вести